logo
logo
logo

Фановите на Партизан во шок од тоа кој е новиот тренер на “црно – белите“! (ФОТО)

Vecer | 13.11.2025

Фановите на Партизан во шок од тоа кој е новиот тренер на “црно – белите“! (ФОТО)

ФОТО: FK Partizan/X

Се најавуваше големо, познато фудбалско име, но ништо од тоа. Раководството на Партизан ги пшокираше фановите на клубот со одлуката тимот да го води Ненад Стојаковиќ до јуни следната година.
Се работи за 45-годишен стручњак кој оваа сезона го водеше Телеоптик, а претходно работеше во младинските селекции на клубот.
„На предлог на потпретседателот за спортски прашања на ФК Партизан Предраг Мијатовиќ, на денешниот состанок на Управниот одбор, беше донесена одлука за назначување на нов шеф на тренерскиот штаб. Од следниот натпревар, црно-белиот тим ќе го води Ненад Стојаковиќ, поранешниот тренер на првиот тим на Телеоптик“, се наведува во соопштението за медиумите на Партизан, во кое се додава:

Стојаковиќ е поранешен фудбалер на Партизан, а во својата тренерска кариера работел со повеќето наши млади играчи, кои под негово водство ја освоија титулата Младинска шампионска лига по 13 години и играа во Младинската лига на УЕФА за прв пат во историјата на клубот.
Им посакуваме среќа на новиот тренер и на стручниот штаб
“, е пораката од ФК Партизан.
Меѓу навивачите на Партизан има големо незадоволство по одлуката Стојаковиќ да го назначи на тренерската позиција. Предраг Мијатовиќ најавуваше големо име, но тоа нема да се случи.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk