Викинг го нокаутира Динамо и обезбеди историски пласман во Лигата на шампионите, а по последниот свиреж во Ставангер, следеше голема прослава. По ремито 2-2 на Максимир, Норвежаните славеа со 3-1 во реваншот и со вкупна победа од 5-3 обезбедија место меѓу европската елита. Норвешката ТВ 2 доби пристап до соблекувалната на Викинг и откри како изгледаше прославата по една од најголемите ноќи во историјата на клубот. Играчите, тренерите и членовите на раководството на клубот славеа со песна, танц и солзи, а извршниот директор Ерик Бјорно исто така имаше многу специфична порака за играчите.
Бјорно објави пред целиот тим колку играчите заработиле од нивниот голем успех.
„50.000 за победата! 50.000 за Лигата на шампионите! И уште 50.000 затоа што ве сакам“, им рече тој на играчите, по што соблекувалната експлодираше од воодушевување.
Ова е вкупно 150 илјади норвешки круни во бонуси, или околу 14.000 илјади евра. Од тоа, 50.000 круни се награда за победата против Динамо, уште 50.000 за квалификациите за Лигата на шампионите, додека претседателот им ги вети последните 50.000 со порака дека ги добиваат „затоа што ги сака“.
Сепак, бонусите за играчите се ситница во споредба со финансиската награда што го чека клубот. Викинг обезбеди најмалку 19 милиони евра со квалификациите за Лигата на шампионите.