logo
logo
logo

„Епски срам“ за Црвена Звезда, Динамо Загреб со „петарда“ го најави плеј-офот

Vecer | 04.08.2026

„Епски срам“ за Црвена Звезда, Динамо Загреб со „петарда“ го најави плеј-офот

Фудбалерите на Црвена Звезда беа поразени од Хапоел Бер шева со 1:0 на гостински терен во натпревар од 3. коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Минимален пораз, но многу болен. Потенцијалот на Црвена Звезда дефинитивно не го покажа ниту 5%, во Унгарија беше бледа слика. Ништо не функционираше, ниту тактички ниту технички, а навивачите на Црвена Звезда беа револтирани.

„Епски срам“, е само еден од многуте коментари кои стигнаа на адресата на српскиот тим. 

Фудбалерите на Динамо Загреб рутински го победија Кауно Жалгирис со 4:0 во првиот натпревар од третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Од првата минута, „сините“ беа агресивни и се обидуваа да постигнат гол, а успеаја да поведат со одличен гол на Зајц. По две минути, Мекена го дуплираше водството, кога одлично се справи со публиката и стигна до голот.

Динамо продолжи да напаѓа кон голот на Кауно Жалгирис, и стигна до третиот гол по прецизен удар на Лисица. Лука Стојковиќ стави крај на убедливата победа, и речиси сигурно може да се каже за пласман во плејофот, со убав гол од далечина. Петтиот гол стигна во судиското надополнување, а беше дело на Качавенда.

3. квалификациско коло во ЛШ

први натпревари

Арарат Ерменија – Целје 2-1

Мјалби – Слован Братислава 1-2

Хапоел Бер Шева – Црвена Звезда 1-0

Левски – Каират 1-0

Динамо Загреб – Кауно Жалгирис 5-0

Олимпијакос – НЕЦ Нијмеген 0-0

Ројал Унион – Бодо Глимт 3-3

Спарта Прага – Лион 2-1


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk