logo
logo
logo

Ендрик не сака да грее клупа во Реал, бара да си оди во јануари

Vecer | 01.10.2026

Ендрик не сака да грее клупа во Реал, бара да си оди во јануари

ФОТО:Screenshot

Бразилскиот напаѓач Ендрик сака да го напушти Реал Мадрид во зимскиот преоден рок поради малата минутажа. Според „Диарио АС“, 20-годишниот фудбалер не е задоволен од својата ситуација во мадридскиот клуб.

Ендрик сезонава има само еден настап во Ла Лига, без постигнат гол или асистенција.
За него интерес повторно покажува Рома, која би можела да го ангажира на позајмица до крајот на сезоната. Италијанскиот клуб беше заинтересиран за Бразилецот и во летниот преоден рок.

Ендрик има договор со Реал до 2030 година, а неговата вредност се проценува на околу 40 милиони евра. Минатата сезона беше на позајмица во Лион, каде што постигна осум гола и запиша пет асистенции на 21 натпревар. Конечната одлука за неговата иднина се очекува во текот на јануарскиот преоден рок.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk