logo
logo
logo

Елмас: Ова за нас беше добра лекција, се надевам на подобри резултати во следните два меча

Vecer | 13.06.2021

Елмас: Ова за нас беше добра лекција, се надевам на подобри резултати во следните два меча

Елиф Елмас, македонскиот репрезентативец после натпреварот кажа дека ова било добра лекција за Македонија, и се надева дека ќе помогне за следните два натпревари.

„Одигравме прво полувреме добро, и сега почувствуваме колку е тешко да се игра на ЕП. Ова е голема лекција, имаме уште натпревари, не е ништо загубено.Во вториот дел имавме некои шанси, но тоа се секунди кои треба да се реализираат. Австрија играше брзо, брзо стигнуваа до нашиот гол. Ова е голема лекција, се надевам дека ја научиме, и сега на другите мечеви ќе излеземе со поголема самодоверба. Ова беше нас прв меч, имавме малку и трема, но како одминуваше натпреварот тоа исчезнуваше“, вели Елмас. 

Тој рече дека сега следува дуелот со Украина и да се направи добра анализа.

„Не погледнавме ништо од Украина, сега треба со мирни глави ќе размислуваме. Не е ништо загубено, јас се надевам позитивни резултати, од ова научивме доста, и сега останува да одиме на добри резултати“, рече македонскиот репрезентативец. 

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk