Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа испиша историја откако успеа да се пласира на главниот турнир на Вимблдон, како прва македонска тенисерка во поединечна конкуренција, што претставува голем успех за Ѓорческа, но и за македонскиот тенис.
Нашата најдобра ракометарка во третото коло од квалификациите односно во финалето ја победи Лусија Бронцети од Италија со 2:0 во сетови за 73 минути игра. Ѓорческа во квалификациите постигна три победи, а претходно ги совлада Анхела Фита Болуда од Шпанија и како и Португалката Франциска Жорге.
Првиот сет Ѓорческа го доби со убедливи со 6:1 во гемови, иако противничката го освои првиот гем со брејк, но потоа следуваше серија од шест гема за македонската тенисерка и сетот го доби за 31 минута.
На стартот од вториот сет по водството на Бронцети од 1:0, во вториот гем Ѓорческа спаси осум брејк топки и по 20 одиграни поени изедначи на 1:1 во гемови, а потоа веднаш направи брејк за водство од 2:1 и предноста ја зголеми на 3:1. Во следните два гема немаше брејк и Ѓорческа ја задржа предноста од два гема – 4:2. Македонската тенисерка во седмиот гем направи уште еден брејк за водство од 5:2. Во следниот гем на свој сервис Ѓорческа само ја потврди победата и пласманот на Вимблдон.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата