Џеко постави рекорд на Мундијалите кој ќе трае само еден ден!

Vecer | 02.07.2026

Џеко постави рекорд на Мундијалите кој ќе трае само еден ден!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

фото: Bosnian Football @BosniaNTBall (X)

Фудбалската ѕвезда на репрезентацијата на БиХ, Един Џеко синоќа се појави на теренот против САД на возраст од 40 години и 106 дена, со што стана највозрасниот играч што играл во нокаут фазата на Светското првенство.

Сепак, капитенот на Босанците ќе го држи овој рекорд само еден ден, бидејќи двајца постари играчи најверојатно ќе излезат на теренот вечерва.

Хрватска и Португалија ќе го играат својот осминафинален натпревар, а се очекува Лука Модриќ и Кристијано Роналдо да бидат во почетните единаесет.

Модриќ има 40 години и 296 дена, додека Роналдо има 41 година и 147 дена, и ќе ја преземе титулата од Џеко.

Легендарниот напаѓач од Босна и Херцеговина, за потсетување, започна од првата минута против САД, но мораше да излезе од игра во 50-тата минута поради повреда.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk