logo
logo
logo

Дон Флорентино го заврши најскапиот трансфер во историјата!

Vecer | 05.08.2026

Дон Флорентино го заврши најскапиот трансфер во историјата!

ФОТО:printscreen

Може да се каже дека е готово, дека Јан Диоманде е нов играч на Реал Мадрид. РБ Лајпциг конечно ги прифатил сите детали и понудата на Реал Мадрид, која ќе изнесува помеѓу 130.000.000 и 140.000.000 евра.
Во превод, Реал Мадрид на тој начин ќе заврши рекордно потпишување, бидејќи ќе платат повеќе за репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска отколку за Џуд Белингам.
Англичанецот досега го држеше рекордот, бидејќи Реал Мадрид плати 127.000.000 евра на Борусија Дортмунд за него, а следен е Еден Азар (120.000.000).
Диоманде се согласи на сите лични услови минатата недела, ги отфрли и ПСЖ и сите англиски клубови, штом пристигна поканата од Реал Мадрид.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска има вртоглав скок кон ѕвездите, бидејќи прво играше за Леганес, а потоа во летото 2025 година се пресели во РБ Лајпциг за 20.000.000 евра. Во својата прва сезона во Бундеслигата, тој експлодираше, за РБ Лајпциг постигна 13 гола и додаде уште 10 асистенции во 36 натпревари.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk