Тешко, многу тешко Реал Мадрид дојде до победа и тоа едвај, со 1:0 против Вилјареал во меч од 8.коло во Ла Лига. Па така и натаму е на -6 бодови во однос на лидерот Барселона.
Гостите можеа да дојдат до бод, но сепак трите бода останаа на “Сантијаго Бернабеу“ со голот на Јан Диманде во 62.минута. Ова е негов деби гол во дресот на “кралевите“.
Сепак, она што го направи Винисиус во 71.минута може да се каже само – НВИДЕНА ГЛУПОСТ.
Имено тој постигна гол за 2:0, но ВАР покажа дека во прреходницата на акцијата Бразилецот фатил за коса противнички играч и затоа голот му беше поништен и му беше покажан директен црвен картон.
Јасно е дека тој се чудеше, Мурињо се “запали“, ама Вини беше виновникот.
José Mourinho’s joy and rage in just a few seconds! 🤨🙄 https://t.co/1dyM16XiIG
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 10, 2026
🟥 UNBELIEVABLE DRAMA! VINÍCIUS JÚNIOR HAS HIS GOAL DISALLOWED AND IS SHOWN A STRAIGHT RED CARD FOR PULLING AN OPPONENT’S HAIR! SENT OFF IN ABSOLUTE DISBEHELIEF! https://t.co/KgAood1m9D
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 10, 2026