logo
logo
logo

Диоманде го „откачи“ Ливерпул, сака трансфер во ПСЖ

Vecer | 29.06.2026

Диоманде го „откачи“ Ливерпул, сака трансфер во ПСЖ

фото: Ben Jacobs @JacobsBen (X)

Главната трансфер цел на Ливерпул, Јан Диоманде, одлучил да се пресели во Пари Сен Жермен, тврди познатиот новинар Дејвид Орнштајн од „Атлетик“. Крилниот напаѓач се зборуваше дека е на чекор до трансфер во Англија, дури била испратена и понуда од околу 100 милиони евра, која била одбиена од РБ Лајпциг.

Ливерпул разгледува уште една понуда, но самиот Диоманде изразил желба да ја продолжи кариерата во европскиот шампион ПСЖ, доколку францускиот тим се согласи на договор со германскиот клуб. Сега, Ливерпул ќе мора да се сврти кон други трансфер цели додека бара замена на десното крило за Мохамед Салах.

ПСЖ, од своја страна, ќе мора да понуди веројатно над 100 милиони евра за да ги добие услугите на Диоманде.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk