logo
logo
logo

Дали е ова изјава на деценијата:“Нема разлика меѓу Роналдо и Радоњиќ!“

Vecer | 07.05.2026

Дали е ова изјава на деценијата:“Нема разлика меѓу Роналдо и Радоњиќ!“

ФОТО:x.com/AlNassrFC_EN

Првиот човек на Ц.Звезда, Звездан Терзиќ и тоа како внимава што говори, што изјавува. Сепак понекогаш знае да каже нешто што за многумина е насфатливо, а за некои е и смешно. Па така е и најновата негова изјава кога прави паралели меѓу Кристијано Роналдо и фудбалерот на неговиот клуб, Немања Радоњиќ кој е суспендиран токму од него и кој летово ќе си оди од “Маракана“,

Ова за некои е и изјава на деценијата, дадена за српски “Курир“:

Срцето ме боли за него. Тој е најдобриот српски фудбалер на планетата, но не разбира кои се неговите обврски. Ако требаше да седнам со него, тој ќе ми кажеше дека не знае каде погрешил“, вели Терзиќ и додава:
„Друже, дали имаш однос со работата како Кристијано Роналдо? Колку пати дневно тренираш? Колку е интензивен твојот тренинг? Како јадеш? Колку спиеш?“ „Сè уште зборуваме за талент“, рече Терзиќ.

Нека се стави само во рамките на работните навики на Роналдо. Во што е подобар играч Роналдо од Радоњиќ? Погледнете ја брзината, техниката, шутот… Нема никаква разлика. Но, Роналдо има памет или здрава глава. Само.“ посочи Терзиќ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk