logo
logo
logo

Дали е ова годината на “Трите лава“: Дали е ова крај на 60-годишното проклетство на Англија?! (ФОТО)

Vecer | 03.07.2026

Дали е ова годината на “Трите лава“: Дали е ова крај на 60-годишното проклетство на Англија?! (ФОТО)

ФОТО.facebook.com/fifaworldcup/

Конечно. Англија го прекина проклетството на Светските првенства кое траеше цели шест децении или точно 60 години. „Трите лава“ го победија ДР Конго со 2-1 во драматичен пресврт. Африканците водеа во првото полувреме, но два гола на Хари Кејн во второто полувреме ги испратија Англичаните во осминафиналето.

Ова беше првиот пресврт за Англија во нокаут натпревар на Мундијалите и тоа финалето на Светското првенство во 1966 година. Потоа „Трите лава“ ја освоија својата единствена титула на Светското првенство 1966 по победата од 4-2 над Западна Германија во продолженија.

Следниот противник за тимот на Томас Тухел е Мексико, кој сè уште не примил гол на Светското првенство во 2026 година.

Дали оваа 2026 е годината на “Трите лава“, дали конечно Англија ќе ја освои титулата и фудбалот ќе го “врати дома“ како што милуваат да кажат фудбалските фанови во таа земја.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk