Да се знае кој е шампион: Арсенал триумфално против “карамелите“

Vecer | 24.10.2026

Да се знае кој е шампион: Арсенал триумфално против “карамелите“

ФОТО:facebook.com/Arsenal/

Попладнево од 16 часот се одиграа два меча од 8.коло во Премиерлигата. На „Емирејтс“ во Лондон домашниот Арсенал со 2:0 славеше противсоставот на Евертон. Стрелци беа Конса во 7.минута и Габриел во 68.минута.

Па така сега Арсенал се израмни со Манчестер Сити на врвот на табелата, и двете екипи имаат по седум победи или по 21 бод.

И Евертон имаше свои шанси барем за почесен гол, но сепак традицијата продолжува кога станува збор за овие два тима. Имено Евертон веќе 14 меча како гостин под водство на Дејвид Мојс не знае за победа против Арсенал.

Во вториот меч Фулам како гостин славеше кај Ковентри со 0:1 со голот на Бопб во 80.минута.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk