Да се знае кој е шампион: Арсенал победнички на „Енфилд“ по цели 14 години!

Vecer | 01.11.2026

Да се знае кој е шампион: Арсенал победнички на „Енфилд“ по цели 14 години!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/

Ливерпул – Арсенал 0:1 вечерва на “Енфилд“ во меч од 9.коло во Премиерлигата. Стрелец на победничкиот гол беше Каи Хаверц уште во 16.минута. Реално шампионот заслужено победи, беше подобар, Ливерпул имаше свои шанси преку Мекалистер и Вирц кој ја погоди пречката, но сепак за да се победи најдобриот тим во Англија треба многу повеќе.

Микел Артета мора да биде задоволен, победи во дербито а ова е прва победа на Арсенал по цели 14 години на „Енфилд“ во меч од Премиерлигата, последен пат тоа се случи во 2012 година.

Ова е 300 победа на Арсенал на гости, а оваа победа и овие три бода за тимот на Микел Артета значат и суверено прво место со +3 бода пред вториот Манчестер Сити.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk