logo
logo
logo

Чуден потег на тренерот на ПСЖ: Енрике го испрати Дембеле на одмор?!

Vecer | 27.08.2026

Чуден потег на тренерот на ПСЖ: Енрике го испрати Дембеле на одмор?!

ФОТО: Ballon d`Or/X

Освојувачот на “Златната топка“, Усман Дембеле нема да биде во комбинација за претстојното дерби на француското првенство помеѓу неговиот Пари Сен Жермен и Лил, откако тренерот Луис Енрике одлучи да го испрати на одмор.
Дембеле се врати во тимот на двократниот европски шампион по ред на 12 август во натпреварот од Суперкупот на Европа против Астон Вила, но ефектите од многу напорната минатата сезона и учеството на Светското првенство се почувствуваа.
Најдобриот фудбалер на светот помина 45 минути на теренот во тој натпревар, а Енрике му даде шанса да „се снајде“ во подоцнежните натпревари против Ланс и Рен.
Гледајќи  дека Дембеле не е целосно подготвен, Енрике, во договор со спортскиот директор Луис Кампос, одлучи да го поштеди од обврските до крајот на неделата.
Според француските медиуми, Дембеле доби слободен рок до понеделник и нема да биде во конкуренција за гостувањето на тимот во Лил во петок навечер.
Ова отвора можност Феран Торес да покаже зошто ПСЖ потроши многу пари ова лето за да го ангажира овој фудбалер од Барселона.
Торес минатиот викенд против Рен покажа дека е големо засилување за европските шампиони, а веќе во петок ќе има можност да ги продолжи своите добри настапи.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk