logo
logo
logo

Човекот кој што ја уништи Англија: „Во врска со тактиката, не жалам за ништо!“

Vecer | 16.07.2026

Човекот кој што ја уништи Англија: „Во врска со тактиката, не жалам за ништо!“

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/

Англија загуби од Аргентина со 2:1 во полуфиналето на Светското првенство. Избраниците на Томас Тухел поведоа во 55-тата минута со голот на Ентони Гордон, но дозволија Аргентина да се врати и да стигне до финалето преку Фернандез во 85-тата минута и Лаутаро во втората минута од судиското продолжение.

Директен виновник за поразот беше Тухел, кој се повлече откако поведе, внесе двајца стопери и ѝ ја предаде иницијативата на Аргентина.
“Не жалам за ништо. Секако дека сме разочарани бидејќи бевме многу блиску. Бевме премногу пасивни откако постигнавме гол, тие имаа многу шанси и не успеавме да останеме на потребното ниво. Се одлучив за петмина во задната линија бидејќи губевме скокови, тие беа опасни од тие фрлања и сакавме да постигнеме нешто таму. Секако одговорноста е на тренерот кога не е добар, лесно е да се каже дека тактиката беше погрешна“, рече Тухел по натпреварот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk