logo
logo
logo

Челзи и официјално има нов лев бек

Vecer | 12.08.2026

Челзи и официјално има нов лев бек

Досегашниот играч на тимот на Рајо Ваљекано, Пеп Чаварија и официјално денеска е претставен како нов играч на тимот на Челзи. Левиот бек потпипа договор со траење до 2031 година, што ќе рече дека шпанецот го прави трансферот на кариерата.

„Многу сум возбуден што ќе почнам. Ова е сон што ми се оствари, бидејќи Челзи е еден од најголемите клубови во светот. Тоа е голема можност, но јас сум подготвен и ќе работам напорно за да му помогнам на тимот да постигне успех. Има многу луѓе кои ми помогнаа да стигнам до оваа точка и морам да му се заблагодарам на моето семејство. Тие секогаш ме поддржуваа и денес е можно само благодарение на нив“, додаде Чаварија.

Тој имаше исклучително успешна епизода во тимот на Рајо, каде што лани одигра 44 мечеви и стигна до финалето на Лигата на Конференциите.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk