logo
logo
logo

ПОТПИСОТ СТАВЕН:

Македонскиот интернационалец Георг Стојановски и официјално фудбалер на катарски Лусаил

Vecer | 07.08.2026

Македонскиот интернационалец Георг Стојановски и официјално фудбалер на катарски Лусаил

Македонскиот интернационалец Георг Стојановски и официјално е нов фудбалер на катарскиот клуб Лусаил. Екипата од Катар го потврди трансферот и го промовираше македонскиот напаѓач како свое најново засилување во летниот преоден рок.

Стојановски потпиша тригодишен договор со тимот на Лусаил, а во Катар пристигнува по успешните настапи во Бугарија за екипата на Спартак Варна. Ова е голем трансфер и огромен исчекор во неговата професионална кариера. Како член на Лусаил, тој ќе има прилика да настапува на познатиот стадион во Катар каде што Лионел Меси и Аргентина станаа светски шампиони во 2022 година.

22-годишниот напаѓач на Спартак Варна се приклучи во септември 2025 година и одигра 29 натпревари, во кои постигна десет гола и имаше пет асистенции. Оваа сезона, Стојановски има два гола и една асистенција на два натпревари.

Во својата досегашна кариера, Стојановски има настапувано и за екипите на Вардар, Тетекс, Шкупи и Работнички, а веќе има и интернационално искуство од Блискиот Исток каде што го носеше дресот на Хата во Обединетите Арапски Емирати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk