logo
logo
logo

Бугарите дома поразени и од Луксембург

Vecer | 26.09.2026

Бугарите дома поразени и од Луксембург

ФОТО:facebook.com/BulgarianNationalTeam/

Репрезентацијата на Луксембург ја победи селекцијата на Бугарија во Пловдив со резултат од 2:1 во групата 4 во Ц Лигата на Нации. Домашната селекција претрпе прилично срамен пораз против Луксембургжаните, кои долго време се сметаат за „лилипутанци“ кога станува збор за репрезентативен фудбал. Бугарија поведе во 18-тата минута со голот на Асен Чандаров, а Леандро Бареиро го израмни резултатот во 37-мата минута. Винсент Тиел постигна гол во 65-тата минута за пресврт.

Во истата група, Естонија направи изненадување играјќи 1:1 со селекцијата на Исланд во Рејкјавик. Домашната екипа поведе во 45-тата минута со голот на Андриј Гудјонсон, синот на легендарниот Ејдур Гудјонсен, а Естонците пропуштија одлична шанса за израмнување во 52-тата минута кога Палумец промаши пенал. Тоа не ги обесхрабри госрите па Максим Паскоци постигна гол во 64-тата минута и ѝ донесе бод на Естонија.

Натпреварот во групата 3 во Торшавн заврши со ист резултат, каде што Фарските Острови и Казахстан одиграа 1:1. Стрелци беа Аки Самуелсен во 14-тата минута и Темирлан Ерланов во 26-тата минута од натпреварот.

Како што се очекуваше, најмала неизвесност имаше во Сан Марино, каде што Финска убедливо победи со 7:0. Џоел Похјанпало постигна хет-трик, Лео Валта постигна два гола, а Адриан Сванбак и Бенџамин Калман беа меѓу стрелците. Домашниот тим го заврши натпреварот со еден играч помалку, бидејќи Голинучи беше исклучен во 51-вата минута.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk