logo
logo
logo

“Бомба“: Осимен во Арсенал?! Галата за Нигериецот одбила понуда вредна 130 милиони евра од С.Арабија

Vecer | 14.08.2026

“Бомба“: Осимен во Арсенал?! Галата за Нигериецот одбила понуда вредна 130 милиони евра од С.Арабија

ФОТО:.facebook.com/Galatasaray/

Бомба“ од Истанбул. Виктор Осимен би можел да го напушти Галатасарај и да стане нов член на лондонскиот Арсенал. Нигериецот би можел да го напушти Галатасарај по две години и да ја продолжи кариерата во лондонскиот Арсенал. Првите преговори се одржаа синоќа и „топџиите“ се убедени дека можат да ја завршат работата до крајот на преодниот рок.
Раководството на двата клуба се најде во преговори за Бразилецот Габриел Мартинели. Галата го сака во своите редови и понуди 45 милиони евра за неговите услуги.
Луѓето од Арсенал го искористија состанокот за да се обидат да го комплетираат трансферот на Осимеен. Се чини дека се на вистинскиот пат. Менаџерот Микел Артета сака Нигериец во своите редови. Тој го означи тоа како приоритетна цел и вечерва преговорите беа официјално отворени.
Од друга страна информација од Истанбул дека Галата одбила понуда од С.Арабија, од Ал-Хилал вредна 130 милиони евра.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk