Уф, каква “бомба“ од Островот? Конзорциум предводен од основачот на Амазон, Џеф Безос, ќе купи значаен удел во Ливерпул, а соопштението би можело да биде објавено до крајот на неделата.
Безос е третиот најбогат човек во светот (проценето богатство од 280.000.000.000) зад сопствениците на Гугл, Лари Пејџ и Илон Маск, а заедно со група во која е вклучен еден од основачите на Фејсбук, Едуардо Северин, и индискиот бизнисмен Аминт Батија, сака да добие дел од контролата од Фенвеј Спортс Груп.
Според Скај, новите инвеститори треба да купат 33 проценти од клубот, чија вредност моментално се проценува на 6.000.000.000 долари. За споредба, ФСГ го купи Ливерпул за околу 400.000.000 долари во октомври 2010 година. Сегашните сопственици, предводени од Џон Хенри, наведуваат дека не го изгубиле интересот за клубот, но останува да се види колку ќе се промени финансиската и деловната стратегија на Ливерпул.
Досега, Ливерпул има многу претпазлив пристап. Го реновираа и проширија „Енфилд“, го изградија тренинг-комплексот „Киркби“ и инвестираа во него според приходите, што ги држеше „чистите документи“. Пресвртот се случи минатото лето кога беа лесни раце во трансферите за Флоријан Вирц, Уго Екитике, Александар Исак, Милош Керкез и други… Платија и 80.000.000 за Жереми Жак, а ако се договорат со Пари Сен Жермен, ќе платат и за Бредли Баркола.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата