Новиот хрватски селектор, Славен Билиќ го објави првиот список на хрватската репрезентација откако летово го презеде кормилото од Златко Далиќ. На списокот очекувано се најде и капитенот Лука Модриќ, кој ќе продолжи да настапува за „коцкестите“.
Хрватска на 26 септември гостува кај Чешка, а три дена подоцна ќе игра против Шпанија. Во октомври следуваат и натпреварите против Англија и Шпанија, на Риека и Сплит. Билиќ повика вкупно 31 фудбалер, од кои 25 се на основниот список, а шестмина се со статус на претповик. Селекторот потврди дека со Модриќ разговарал неколку часа и нагласи дека искусниот играч и понатаму е исклучително важен за репрезентацијата.
Список на Хрватска:
Голмани:
Доминик Ливаковиќ, Доминик Котарски, Иво Пандур.
Одбрана:
Јошко Гвардиол, Јосип Јурановиќ, Јосип Шутало, Јосип Станишиќ, Мартин Ерлиќ, Лука Вушковиќ, Иван Смолчиќ.
Среден ред:
Лука Модриќ, Матео Ковачиќ, Марио Пашалиќ, Никола Влашчиќ, Мартин Батурина, Лука Сучиќ, Јосип Мишиќ.
Напад:
Иван Перишиќ, Андреј Крамариќ, Анте Будимир, Марко Пашалиќ, Петар Муса, Игор Матаановиќ, Фрањо Ивановиќ, Дион Дрена Белјо.
Претповик:
Карло Летица, Марин Понграчиќ, Кристијан Јакиќ, Ловро Мајер, Тони Фрук, Лука Стојковиќ.