logo
logo
logo

Бешикташ го губи трпението со Влаховиќ додека тој чека абер од Барселона

Vecer | 28.07.2026

Бешикташ го губи трпението со Влаховиќ додека тој чека абер од Барселона

фото: H @HQpcrt (X)

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ сè уште ја разгледува понудата на Бешикташ, но се надева дека ќе се пресели во Барселона.

26-годишниот напаѓач е слободен агент откако го напушти Јувентус. Според „Марка“, турскиот клуб му нуди договор со плата од нешто помалку од 10 милиони евра по сезона и бонус за потпишување од 5 милиони евра.

Иако играчот веќе отпатува за Истанбул, тој сè уште не одговорил на понудата на „црно-белите“. Клубот постепено го губи интересот за потпишување на Србинот.

Влаховиќ наводно е заинтересиран да и се приклучи на Барселона, верувајќи дека може да ја пополни позицијата централен напаѓач на каталонскиот клуб по заминувањето на Роберт Левандовски и евентуалната продажба  на Феран Торес.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk