logo
logo
logo

Бензема сакал бесплатно да игра за Лион, но договорот со Саудиска Арабија го спречува

Vecer | 05.09.2026

Бензема сакал бесплатно да игра за Лион, но договорот со Саудиска Арабија го спречува

фото: BeFootball @_BeFootball (X)

Карим Бензема бил подготвен повторно да заигра за Лион, и тоа без финансиски надомест. Францускиот напаѓач сакал на тој начин да му се оддолжи на клубот во кој ја започна професионалната кариера.

Раководството на Лион размислувало за негово враќање ова лето, но трансферот не се реализирал. Бензема на 31 август го раскина договорот со Ал Хилал и стана слободен играч. Сепак, 38-годишниот фудбалер има обврски како амбасадор на саудискиот шампионат до 2030 година.

Според информациите, договорот со саудискиот државен инвестициски фонд PIF му оневозможува настапи во други првенства. Доколку обврската остане на сила до 2030 година, Бензема тогаш ќе има 43 години. Поради ситуацијата, се зголемува и можноста искусниот напаѓач да стави крај на кариерата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk