logo
logo
logo

Барса потврди: Барџи ќе мора на долга, долга пауза…

Vecer | 11.08.2026

Барса потврди: Барџи ќе мора на долга, долга пауза…

ФОТО: FC Barcelona/FB

И дефинитивно проблем за Ханси Флик. 20-годишниот шведски крилен напаѓач Рони Барџи заработи повреда на коленото за време на тренингот на Барселона во понеделник, а денес е потврдено она од што се стравуваше во клубот.
Станува збор за руптура на предниот вкрстен лигамент на десното колено, па Барџи ќе биде опериран во наредните денови, потврдија од Барселона во клупското соопштение попладнево.
Ова практично значи дека Барџи ќе ја пропушти целата следна сезона, или барем најголемиот дел од неа, а се проценува дека закрепнувањето би можело да трае околу седум месеци.
Шпанските медиуми пишуваат дека Барџи не бил во плановите на Барселона за новата сезона, тие работеле на неговиот трансфер, имал значајни понуди за позајмица со опција за откуп, но повредата ги расипала сите тие планови.
Ситуацијата е дополнително комплицирана од фактот дека овој млад фудбалер веќе претрпел слична повреда на истото колено, па поради оваа причина ќе биде потребна уште поголема претпазливост во однос на времетраењето на неговото закрепнување и неговото враќање на теренот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk