Новото големо засилување за Барселона, фудбалерот од средниот ред Родри, тренира индивидуално втор ден по ред.
Тој доцна започна со предсезонските тренинзи по Светското првенство во 2026 година и затоа нема да игра на првиот натпревар на „блауграна“ во Ла Лига, утре против Елче.
ЗСе очекува Родри постепено да ја врати својата форма и да може да дебитира во едно од следните кола против Атлетик или Рајо Ваљекано. За разлика од него, Кансело кој и официјално е регистриран денеска ќе има право на настап на утрешниот дуел.