logo
logo
logo

Азија се уште без пораз на Мундијалот!

Vecer | 16.06.2026

Азија се уште без пораз на Мундијалот!

фото: FIFA World Cup Stats (X)

Репрезентациите од Азија се уште немаат ниту еден пораз на ова Светско првенство. Во првото коло од групната фаза досега настапија 6 од 9-те претставници на Азиската конфедерацијата и остварија 2 победи и 4 нерешени резултати.

Јужна Кореја ја победи Чешка (2:1) и Австралија ја победи Турција (2:0).

Нерешено завршија Катар (1:1 против Швајцарија), Јапонија (2:2 со Холандија), Саудиска Арабија (1:1 со Уругвај) и Иран (2:2 со Нов Зеланд).

Вечерва Ирак ќе се сретне со Норвешка во првото коло, а Јордан ќе игра против Австрија, додека Узбекистан го чека дуелот со Колумбија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk