logo
logo
logo

Аргентина се избламира на последниот меч на Меси за репрезентацијата! (ВИДЕО)

Vecer | 19.07.2026

Аргентина се избламира на последниот меч на Меси за репрезентацијата! (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/

Нема нова историја за Аргентина! Нема нова историја за Лео Меси. “Гаучосите“ просто се избламираа, досегашниот светски првак како да не дојде на “МетЛајв“ стадионот на финалето на СП 2026.

Аргентина не одигра ништо, статистиката е поразителна, немаше ниту еден удар во рамките на голот и само еден или два удари кон голот на Шпанија.

Така не се брани круната, така не се игра за титула, така не се добива едно вакво финале, а се она што се случуваше веднаш по мечот, беше едноставно безобразно од Паредес и другите.

Едноставно Аргентина се избламира и тоа на веројатно последниот меч на Меси за репрезентацијата.

Ова за Аргентина беше седмо финале и четврти пораз во историјата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk