logo
logo
logo

Аргентина има премногу среќа, З.Острови воодушевија

Vecer | 04.07.2026

Аргентина има премногу среќа, З.Острови воодушевија

Познати се сите осминафинални двојки а синоќа се одиграа последните три средби од 1/16 финалето. Синоќа во Мајами можеше да се случи чудо на векот, Аргентина да биде елиминирана од селекцијата на З.Острови.

Своја анализа за оваа средба, но и за некои други работи има денешниот гостин во рубриката “Коментар на денот“, Мирсад Јонуз.

-Како тоа светскиот првак си дозволи вакво нешто…

Малку, сосема малку недостигаше да се случи изненадување, јас не би рекол дека ќе беше чудо. Да не заборавиме дека З.Острови и со Шпанија не загубија и не примија гол. Сосема погрешна анализа на стручниот штаб на “Гаучосите“, се мислеше дека без многу напор ќе ја минат оваа пречка. Видете, З.Острови личи на тим, борбени, квалитетни, храбри. Аргентина игра исто како и во Катар, каде што ја гледав во живо, и не промениле ништо. Но, вчера за малку ќе им се случеше катастрофа. Морам да кажам дека имаат премногу среќа. Наместо на 1:0 да притиснат уште малку, да постигнат уште гол – два и да го решат мечот, тие му дозволија на противникот двапати да се враќа. Меси постигна гол, двапати асистираше, ама и промаши три зицери. Аргентина и дефинитивно покажа дека има слабости, а кој ќе може да ги искористи, останува да се види. Уште еднаш браво за З.Острови кои воодушевија“.

-Австралија и Египет го одиграа веројатно најлошиот натпревар досега на СП…

Апсолутно се сложувам. Египет за нијанса беше нешто подобар и на пенали мина. Се говореше дека Австралија е тим, ама ништо од тоа. Никаква концепција, никаква тактика, ништо, ништо. И јас велам дека оваа средба беше здодевна, далеку од нивото на едно СП, убедливо најлошиот натпревар досега“.

-Колумбија ја мина Гана…

Колумбија ќе биде доста опасна. Ретко кој ги анализира, ретко кој кажува за нив било што, никој не ги гледа што се вели. А тие си газат. Имаат одличен тим, амбициозни се, неверојатно мотовирани, играат на свој континент што за нив е многу важно и можат да се носат со било кја репрезентација. Гана имаше некои амбици, но сепак се знае каде е квалитетот и кој оди во 1/8 финалето“.

-По се ова досега, се смета дека Франција и Шпанија покажаа најмногу…

Да. Овие две селекции покажаа најмногу, а имаат потенцијал во себе за уште подобри настапи. Синоќа Аргентина покажа дека има слабости, Бразил го анализиривавме и заклучивме дека не е тој Бразил кој што го знаеме. Сепак ова е фудбал, ова е нокаут – фаза и секој нареден меч е потежок, секој нареден ривал е поквалитетен. Штета што Франција и Шаниија се вкрстуваат во полуфинале, сепак ајде да видиме прво што ќе се случува во оваа фаза, па потоа дополнително ќе анализираме“ заврши Мирсад Јонуз.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk