logo
logo
logo

Анчелоти го најде проблемот на Бразил: Младите не ви играат редовно!

Vecer | 23.09.2026

Анчелоти го најде проблемот на Бразил: Младите не ви играат редовно!

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, ја посочи недоволната минутажа како еден од главните проблеми за развојот на младите бразилски фудбалери. Италијанецот смета дека младите таленти не успеваат навреме да созреат за сениорскиот фудбал затоа што немаат доволно натпревари.

„Проблемот со младите бразилски играчи е што не созреваат бидејќи не играат. Не играат ниту во Бразил, ниту во странство“, изјави Анчелоти.

Како примери тој ги посочи Ендрик и Естевао, кои уште на 18 години заминаа во Европа во големи клубови. Според Анчелоти, проблемот е што по пристигнувањето во европските гиганти тие не добиваат доволно простор за игра.

Ендрик моментално е член на Реал Мадрид, додека Естевао настапува за Челзи, каде што се соочуваат со силна конкуренција за место во тимот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk