logo
logo
logo

Македонски дизајн во светскиот ринг: Гого Славески до нова победа во BKFC со уникатни патики

Vecer | 05.06.2026

Македонски дизајн во светскиот ринг: Гого Славески до нова победа во BKFC со уникатни патики

Македонскиот борец Гого Славески забележа нова значајна победа во престижната организација BKFC (Bare Knuckle Fighting Championship), а неговиот последен настап привлече внимание не само поради спортскиот успех, туку и поради впечатливиот изглед во рингот.

За оваа борба, Славески настапи со специјално дизајнирани боксерски патики изработени од македонскиот бренд RVR Brand. Станува збор за уникатен рачно изработен модел, создаден во тесна соработка со самиот борец и инспириран од темата „Тивко е на ножот“.

Дизајнот бил реализиран во исклучително краток рок непосредно пред борбата, претставувајќи спој на спорт, уметност и креативен израз. Патиките беа дел од настапот со кој Славески стигна до нов триумф на меѓународната сцена, дополнително промовирајќи го македонскиот талент и домашните брендови пред светската публика.

Оваа соработка претставува уште еден пример како македонските спортисти и креативци можат заеднички да создаваат успешни приказни кои ги надминуваат границите на државата и придонесуваат за афирмација на македонскиот спорт и дизајн во светот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk