logo
logo
logo

Навивачите на Спартак Москва БАРААТ СМЕНА НА УПРАВАТА ЗАТОА ШТО ДОНЕЛЕ АЛБАНЕЦ - провокатор

Vecer | 06.08.2026

Навивачите на Спартак Москва БАРААТ СМЕНА НА УПРАВАТА ЗАТОА ШТО ДОНЕЛЕ АЛБАНЕЦ - провокатор

Еден од најголемите трансфери ова лето во Русија е реализиран, a притоа предизвика досега невиден отпор и револт на навивачите на Спартак Москва, клубот каде што фудбалерот доаѓа.

Албанскиот репрезентативец - Мирлинд Даку (28) потпиша тригодишен договор со Спартак Москва, што може да предизвика сериозни последици врз односите меѓу најпопуларниот руски клуб и навивачите.

Уште пред неколку дена, откако почнаа да се шпекулира дека Даку би можел да се пресели од Рубин во Откритије Арена, навивачите на Спартак жестоко протестираа поради таков потег на раководството на клубот; познати по своите братски односи со навивачите на Црвена Звезда, тие се огласија јавно, јасно велејќи дека „За Даку нема место во нивниот клуб“. Добар дел од Москва дури беше ишаран со графити со навреди кон албанскиот голгетер.

Даку беше компромитиран за време на Европското првенство во Германија 2024, кога по натпреварот против Хрватска, заедно со нејзините навивачи, ги навреди Србите и Македонците.

Во тоа време, тој „промовираше“ и тетоважа на грбот во чест на командантот на таканаречената „Ослободителна војска на Косово - УЧК“, Агим Рамадани - Катана, па дури и се сликаше со знамето на ОВК.

Неговото однесување беше брзо осудено од неговиот тогашен руски клуб Рубин Казан и предизвика барање за казнување од страна на УЕФА. Под притисок од јавноста и можни санкции, Даку објави извинување на својот Instagram профил.

„Сакам да им се заблагодарам на сите кои ме поддржуваат во секој момент. Играњето за репрезентацијата предизвикува силни емоции, и ми е жал ако сум некого ненамерно навредил. Почитувам сите и барам разбирање за моето однесување,“ напиша Даку.

Во Мосва навивачите на Спартак тоа го доживуваат и како лична провокација поради  блиските односи со навивачите на Црвена Звезда - Делије, навивачите на Спартак брзо дознаа за сите детали за трансферот и ја започнаа акцијата за „блокирање“ на доаѓањето на Даку во Спартак. Сепак, раководството на клубот не постапи по нивните барања и денес стави крај на големата зделка, бидејќи на сметката на Рубин беа уплатени 11.000.000 евра за трансферот!

Мирлинд Даку е прв Албанец во Москва.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk