logo
logo
logo

Работите избегаа од контрола: СЕЛЕКТОРОТ НА ЈУЖНА КОРЕЈА ПРИНУДЕН ДА ИЗБЕГА ОД ДРЖАВАТА

Vecer | 04.07.2026

Работите избегаа од контрола: СЕЛЕКТОРОТ НА ЈУЖНА КОРЕЈА ПРИНУДЕН ДА ИЗБЕГА ОД ДРЖАВАТА

Поранешниот тренер на јужнокорејската фудбалска репрезентација, Мјунг-бо Хонг, ја напушти земјата по бранот критики и закани што следеа по елиминацијата на репрезентацијата веќе во групната фаза од натпреварувањето.

Според корејските медиуми, Хонг пристигнал на аеродромот во Сеул носејќи капа и заштитна маска за да избегне препознавање, а потоа се качил на лет за САД.

Неговата оставка по неуспехот не била доволна за да ја смири јавноста. Поранешниот селектор бил цел на жестоки критики, а според локалните медиуми, тој продолжил да добива закани со смрт, поради што решил привремено да ја напушти Јужна Кореја.

Ситуацијата дополнително ја загреа претседателот на земјата, кој јавно го критикуваше начинот на кој се води репрезентацијата.

Кога лојалноста и припадноста кон групи се вреднуваат повеќе од стручноста, а некомпетентни луѓе се назначуваат на лидерски позиции, исходот е практично неизбежен“, рече претседателот по елиминацијата на репрезентацијата.

Откако репрезентацијата се врати во својата татковина, атмосферата беше многу непријателска. Хонг беше под посебна безбедносна заштита, додека некои медиуми објавија дека дури му е забрането да влегува во одредени јавни места поради безбедносни проценки.

Поранешниот селектор не сакаше да дава изјави во врска со целата ситуација, иако ја остави можноста во иднина да проговори и да ја презентира својата страна од приказната за настаните што му претходеа на неговото заминување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk