logo
logo
logo

Штипјанецот Марко Џорлев освои ЗЛАТО НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО КАРАТЕ за кадети, јуниори во Полска

Vecer | 17.10.2026

Штипјанецот Марко Џорлев освои ЗЛАТО НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО КАРАТЕ за кадети, јуниори во Полска

Штипјанецот Марко Џорлев денеска го освои златниот медал на Светското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Бјeлско Бјала, Полска. Џорлев кој е дел од македонската репрезентација во финалето го победи Адам Ваги од Република Унгарија со резултат 4 :1.

Неговите тренери Сашко и Жарко Арсовски од Карате клубот (КК)-Штип на социјалните медиуми објавија дека Марко Џорлев е светски шампион.

– Македонија има Светски Шампион,Штип има Светски Шампион,карате клуб Штип има Светски Шампион. Радувај се Македонијо. Фала му на Господ за сѐ – напишаа Сашко и Жарко Арсовски.

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на социјалните медиуми напиша ссвоеното светско злато е гордост за Штип, Македонија и Карате клубот Штип.

– Македонија слави, Штип се гордее! Нашиот Марко Џорлев е светски шампион! Освоеното светско злато е гордост за Штип, Македонија и Карате клубот „Штип“. Благодарност и до тренерите Сашко и Жарко Арсовски за нивната посветена работа и создавањето шампиони. Браво, Марко! Ти си пример дека со труд, дисциплина и посветеност се стигнува до светскиот врв – истакна Јорданов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk