logo
logo
logo

После 25 години средното полициско почна со настава

Vecer | 01.09.2026

После 25 години средното полициско почна со настава

По 25 години пауза, од утре повторно почнува со настава Средното полициско училиште „7 Мај“. Настава ќе следат околу 300 ученици, иако првично проценките беа дека треба да се примат околу 200 кандидати.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неодамна изјави дека ќе бидат примени сите кандидати кои успешно ги поминале предвидените селекции, проверки и елиминациони критериуми.

Вкупната бројка на кандидати кои ги поминаа елиминационите критериуми поврзани со образованието, потребните оценки, поведението, физичките и здравствените карактеристики е околу 300 деца. Направивме детална анализа дали ќе можеме да ги примиме сите, разговаравме со Министерството за финансии и Владата донесе одлука дека ќе можеме да ги примиме сите. Навистина ќе беше жално да испуштиме кое било од тие деца кои ги исполниле условите, изјави Тошковски.

Сите ученици кои успешно ќе го завршат Средното полициско училиште ќе бидат дел од системот на Министерството за внатрешни работи, согласно договорот што Министерството го склучува со нив.

Средното полициско училиште беше укинато околу 2000 година, по што обуката за полицајци се организираше преку посебни центри за обука и краткорочни програми. Со новата иницијатива, државата повторно се враќа на моделот на специјализирано средно образование за идните полициски службеници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk