Загина мотоциклист во сообраќајка на патот село Габрово-Банско

Vecer | 31.08.2024

Загина мотоциклист во сообраќајка на патот  село Габрово-Банско
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Мотоциклист синоќа загина во сообраќајна несреќа што синоќа се случи на патот од село Габрово до село Банско, струмички.

Полицијата соопшти дека во несреќата учествувале патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.К.(42) од село Баница и мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од М.Н.(46) од село Банско.

„Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица“, се наведува во соопштението.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Полициската станица Струмица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk