logo
logo
logo

Во водите на Брегалница пронајдено безживотното тело на полицаецот од Делчево

Vecer | 13.06.2021

Во водите на Брегалница пронајдено безживотното тело на полицаецот од Делчево

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот полицаец од Делчево откако го пронашле мртов, заглавен во завтомобилот во водите на Брегалница., Безживотното тело на 51-годишниот полицаец е пронајдено вчера, доцна синоќа.

Телото на сега веќе починатиот било извадено од реката синоќа околу 23:00 часот, а подоцна од водите било извадено и возилото „застава 101“, потврдија од полицијата за МИА.

51 годишниот (Т.С) од Делчево, исчезна во четвртокот, на 10. Јуни. Тој тогаш заминал на риболов кај месноста „Улив” во атарот на село Илиово, а вчера утрото беше пријавен за исчезнат и по него се вршеше интензивна потрага.

На местото на настанот излегол и Јавен обвинител, а телото на починатиот потоа е предадено на обдукција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk