Жестока реакција од ВМРО-ДПМНЕ на критиките на Венко Филипче за видеото по повод 35-годишнината од независноста на Македонија. Од партијата обвинуваат дека СДСМ повторно застанува „на погрешната страна“ и прашуваат зошто на опозицијата и пречи присуството на првиот претседател на независна Македонија.
Од партијата додаваат дека СДСМ реагира и затоа што во видеото нема содржини поврзани со Никола Груевски, како и дека се прават споредби за тоа кој колку придонел во изминатите 35 години.
„Ова е спот за дел од позитивните страни во овие 35 години. За негативните уште не е снимен, но таму Заев и Венко се во главна улога, а народот сето тоа го памети“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата го критикуваат и начинот на кој, како што наведуваат, Филипче го политизира видеото и велат дека станува збор за содржина која граѓаните ја разбираат и прифаќаат како прослава на независноста.
ВМРО-ДПМНЕ оценува дека актуелното раководство на СДСМ нема капацитет „да ја види големата слика“ и да ги надмине партиските поделби.
„Згрозени сме од нивото на политичка култура на Венко Филипче“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека повеќе нема да ја коментираат партијата која, според нив, „го донесе најголемиот срам и криминал во овие 35 години“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата