logo
logo
logo

ВМРО ДПМНЕ ќе поднесе РЕЗОЛУЦИЈА во Собрание и бара ДРЖАВЕН КОНСЕНЗУС ЗА ЗАШТИТА НА ЦРВЕНИТЕ ЛИНИИ

Vecer | 02.07.2021

ВМРО ДПМНЕ ќе поднесе РЕЗОЛУЦИЈА во Собрание и бара ДРЖАВЕН КОНСЕНЗУС ЗА ЗАШТИТА НА ЦРВЕНИТЕ ЛИНИИ

ВМРО ДПМНЕ ќе поднесе резолуција во Собранието, и ќе побара државен консензус за заштита на црвените идентитетски линии, брифираат од партијата.

Според партијата, резолуцијата треба да ги дефинира клучните црвени линии во спорот со Бугарија, за јазикот, историјата и идентитетот.

- Целта е да се побара општествен консензус и да се исцртаат позициите кои ќе се бранат во преговорите со источниот сосед од кој оваа и секоја идна влада не треба да се повлече, бидејќи истото би предизвикало нарушување на државните интереси.. Дефинициите кои ќе се употребат во резолуцијата се истите оние кои се употребени од МАНУ и од УКИМ како најреномирани научни институции што ќе говори и за намерата да се вклучат сите напредни елементи кои треба да предводат во заштитата на државните интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО ДПМНЕ додаваат дека бугарските ставови се прецизно дефинирани во бугарската декларација и во она што синхронизирано го говорат бугарскиот претседател на држава и влада, проблемот е што македонските позиции се нејасни и свесно се допушта тие да бидат флексибилни и на штета на идентитетските обележја.

Одговорна држава би постигнала општествен и национален консензус за вака важни прашања. Денес за деталите и текстот на резолуцијата посебна прес конференција се очекува да има лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Ваквиот предлог доаѓа по изјавата на државниот секретар на Португалија дека македонскиот јазик потекнува од бугарскиот, како од засилената негаторска реторика од источниот сосед.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk