Премиерот Христијан Мицкоски кој е во САД, ја започна посетата со конгресменот Кит Селф.
- Денеска остварив средба со Кит Селф претседател на Поткомитетот за Европа во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД. На средбата разговаравме за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, за заедничките интереси и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката во областите од значење за нашите две држави, објави предмалку премиерот Христијан Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата