logo
logo
logo

Владика Петар: Родовата еднаквост е богохулна, а жената ако сака поголеми права треба да прифати обврски

Vecer | 17.04.2023

Владика Петар: Родовата еднаквост е богохулна, а жената ако сака поголеми права треба да прифати обврски

Кога некој бара повеќе или поголеми права, треба да е свесен, подготвен и способен да извршува повеќе должности, ова го вели владиката Петар во своето велигденско послание, во врска со правата на жените, но се осврна и на  родовата еднаквост.

„На нашето општество молскавично му се заканува уште поопасна, попогубна и поотровна идеологија – родовата еднаквост! Оваа идеологија, односно манипулативна терминологија е богохулна, противприродна, изопачена, Господ ги создаде машко и женско и се друго изменето, поинакво и поразлично од божјото создание е ненормално, а со тоа и неприфатливо“ рече митрополитот Преспанско-пелагониски.

Тој ги обвини феминистичките здруженија дека барајќи права често го вперуваат прстот во Црквата. Oва следи по транспарент со вулгарна содржина за црквата на маршот на 8 Март во Скопје пред повеќе од еден месец.

„Треба дури да се одречеме од себеси, да живееме и да се трудиме за општо добро, за повисоки цели и идеали, да ги исполнуваме општоприфатените начела за етика и морал, да ги правиме општеството и светот подобри. Во спротивно, остварувањето на права без должности, што најсоодветно се нарекува анархија и хаос, го расипува и изопачува светот, кој, како таков, ја губи својата рамнотежа и хармонија. Токму таков е современиот свет, во кој семејството е поделено и дисфункционално, а човекот е сè поизгубен. Ете, таквото барање права без должности, кое всушност, ги негира и се спротивставува на основните човекови вредности – е резултат на најпогубната и најотровната на човекот понудена идеологија – нихилизмот”, рече владиката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk