Владата денеска ќе ги проследи до Собранието францускиот предлог и протоколот со Бугарија, најавува вицепремиерот за политички систем Артан Груби.
Според него владата нема да одлучува за францускиот предлог, туку само ќе ги проследи до Собранието.
Собранието ќе одлучува за францускиот предлог и ќе ја задолжи владата за следните активности во однос на целиот пакет, објави Слободен печат.
Тој повтори дека во францускиот предлог не е содржан билатералниот протокол со Бугарија и дека преговарачката рамка не задира во македонскиот идентитет и јазичната, културната и историската посебност на Македонците.
Груби рече дека ниту Ковачевски ниту било кој друг министер од Владата не би поддржал и не би гласал за преговарачка рамка која би значела асимилација и бугаризација на Македонците.
Владата за денеска во 11 часот има закажано затворена седница.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата