logo
logo
logo

(ВИДЕО) Техно-журка во црква во Дојран

Vecer | 04.07.2022

(ВИДЕО) Техно-журка во црква во Дојран

Журката била организирана во саботата во црквата Свети Илија во Стар Дојран. Видеата од забавата се појавија на социјалните мрежи, и веднаш ја брануваа јавноста. За едни настанот е скандалозен, за други авангарден, по примерот на забавите во западните земји. Според информациите што ги објавија локалните медиуми, црквата имала дадено согласност само за одржување на поетски настани и концерти на камерни состави што изведуваат класична музика. Инаку верскиот објект датира од 19 век, но бил разурнат во Првата светска војна, а реновиран неодамна од струмичкиот завод и музеј. https://www.youtube.com/watch?v=0RIu5TtWY64

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk