logo
logo
logo

Усмртена жена на патот Струмица – Валандово кај Костурино

Vecer | 08.05.2024

Усмртена жена на патот Струмица – Валандово кај Костурино

На 07.05.2024 во 23.55 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица – Валандово, пред село Костурино, струмичко, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.М.(46) од село Куклиш, струмичко, удрило во пешакот Р.С.(44) од село Јосифово, валандовско, информира МВР.

По несреќата Р.С. била пренесена во Медицински центар Струмица, каде што од лекар била констатирана смрт.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk