logo
logo
logo

УРГИРАЛ КАЈ СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ ЗА ПОНИСКИ КАЗНИ НА ОБВИНЕТИ - За уапсениот обвинител се бараат мерки за претпазливост

Vecer | 07.10.2026

УРГИРАЛ КАЈ СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ ЗА ПОНИСКИ КАЗНИ НА ОБВИНЕТИ - За уапсениот обвинител се бараат мерки за претпазливост

Јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Битола кој беше вчера уапсен е осомничен дека ургирал кај колеги јавни обвинители и судии во најмалку четири случаи, за да им се обезбеди пониски казни на осомничени и се сомничи за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“.

Предметот го води Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кое не бара притвор туку предлага на обвинителот да му одредат мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за преземање определени работни активности, односно оддалечување на осомничениот од работното место.

-Во изминатиот период, преку повеќе дејствија и примена на посебни истражни мерки, обезбедени се докази кои упатуваат на основано сомнение дека тој го искористил своето реално влијание и службената положба што ја извршувал за недозволено да влијае врз одлучувањето на колеги јавни обвинители и судии во најмалку 4 поединечни предмети, на подрачјето на кое ја вршел својата функција. Притоа, ургирал за пониски казни или за да обезбеди поповолна позиција за осомничени или обвинети лица во кривична постапка. Во текот на вчерашниот ден, врз основа на судска наредба, беа извршени претреси во домот на осомничениот и во просториите на ВЈО Битола со цел обезбедување дополнителни докази – соопшти Обвинителството.

Официјално не се соопштува името на Обвинителот, но според дел од медиумите, еден од предметите е постапувањето околу враќањето на пасошот на битолскиот бизнисмен Борче Марковски. Тој летово ја напушти државата, откако Вишото јавно обвинителство во Битола даде позитивно мислење на барањето на одбраната на Марковски да му се врати пасошот. Бизнисменот потоа се врати, а во меѓувреме судијата од Струшкиот суд, кој одлучи да му се даде пасошот, беше пензиониран.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk