logo
logo
logo

Упорните пожарникари и граѓани го спасија манастирот Света Петка од пожарот во Пехчево

Vecer | 04.08.2021

Упорните пожарникари и граѓани го спасија манастирот Света Петка од пожарот во Пехчево

Жителите, пожарникарите и сите инволвирани во гаснењето успеаја да го спасат манастирот Света Петка од пожарот кој повеќе од 10 часа беснее кај Пехчево.

Според информациите од терен, ситуацијата е под контрола, а гаснењето продолжува со помош и на четирите возила кои пристигнаа од Бугарија.

Паралелно продолжува гаснењето на пожарот во Делчево, кај маалото Пасјак каде едно од вкупно четирите возила кои пристигнаа како помош се вклучило во гаснење на огнената стихија над селото Нов Истевник.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk