logo
logo
logo

УБИСТВО ВО БИТОЛА: Дедо си го застрелал поранешниот зет!

Vecer | 21.02.2022

УБИСТВО ВО БИТОЛА: Дедо си го застрелал поранешниот зет!

Татко бранејќи ја својата ќерка од насилството на поранешниот сопруг си го застрелал зетот. Настанот се случил утринава во Битола, и тоа откако убиениот упаднал во домот на таткото на неговата поранешна сопруга и и се заканувал држејќи во рацете мачета.

Таткото во тој момент го извадил оружјето и пукал, по што неговиот поранешен зет починал на лице место. Според полицискиот извештај, екипата на Итната медицинска помош само констатирала смрт. Убиениот пред извесен период се вратил од одлежување на казна затвор и ѝ бил добро познат на полицијата и со дебело криминално досие.

-Денеска во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Т.Ѓ. (62) од Битола затоа што околу 05:55 часот во претсобјето од неговата куќа со пиштол пукал и го погодил С.С.(44) од Битола, кој починал на местото. Според пријавеното, претходно С.С. со употреба на сила влегол во куќата на Т.Ѓ. и со остар предмет се заканувал на ќерката на Т.Ѓ, која е негова поранешна сопруга, стои во извештајот на СВР Битола.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Битола. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk