logo
logo
logo

ЦУК СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - Многу висок ризик од пожари во источна, централа и јужна Македонија

Vecer | 09.08.2026

ЦУК СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - Многу висок ризик од пожари во источна, централа и јужна Македонија

Многу висок ризик од пожари денеска попладне ќе има во источниот, централниот и јужниот дел од Македонија, поради порастот на дневните температури, предупредува Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците од МКФФИС, зголемениот индекс за опасност од пожари – FWI, укажува на услови во кои огнот може лесно да се појави и брзо да се прошири на отворен простор, а можни се и шумски пожари со многу висок интензитет.

Останатите делови од земјата ќе бидат со висок FWI, додека исклучок се повисоките планински предели, каде што индексот ќе биде низок и многу низок.

Во услови на високи температури и зголемена опасност од пожари, ЦУК апелира до граѓаните на особена внимателност и одговорно однесување, особено при престој и движење во природа.

Од Центарот предупредуваат дека секое невнимателно постапување може да предизвика пожар кој, поради временските услови, може за кратко време да се прошири и да зафати голема површина.

ЦУК продолжува со континуирано следење на состојбата преку МКФФИС, како и со навремено информирање и координација на надлежните институции.

Директорот на ЦУК, Мухамет Али, повторно апелираше граѓаните да бидат особено внимателни во услови на високи температури и зголемен ризик од пожари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk