39-годишен маж од Струмица бил пронајден починат во дворот на Клиничката болница во Битола, информира МВР.
Случајот бил пријавен во СВР Битола на 31 август околу 12:15 часот. Смртта на Ј.И. ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Битола.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата