logo
logo
logo

„УЛОВЕНИ“ ПРВИТЕ МОТОРЏИИ ШТО ДИВЕЕЛЕ НИЗ СКОПЈЕ

Vecer | 01.09.2026

„УЛОВЕНИ“ ПРВИТЕ МОТОРЏИИ ШТО ДИВЕЕЛЕ НИЗ СКОПЈЕ

Примарната цел на Министерството за внатрешни работи при примената на паметниот систем „Безбеден град“ е неселективно и професионално постапување со цел спасување човечки животи во сообраќајот, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со вклучувањето на моторите во опсегот на „Безбеден град“.

Во однос на детекцијата на прекршоците кај мотоциклистите, Тошковски појасни дека станувало збор за специфичен технички проблем поради позицијата на регистарските таблички.

- Проблем беа мотористите и сите оние коишто јас ги нарекувам оние коишто глумат дека се моторџии, пошто вистинските моторџии ги почитуваат сообраќајните правила, носат кацига... имавме технички проблем како да ги детектираме при еден од прекршоците коишто ги детектираме автоматски, а тоа е брзината. Зошто? Од едноставна причина што камерата за брзина детектира предна шасија, предна страна на возило, а регистрацијата е на задната страна на моторот - посочи Тошковски.

​Според него, со поставувањето на соодветната опрема на клучните локации веќе се бележат првите резултати.

​-Го решивме и на дел од територијата на Македонија каде што првично сметавме дека има најдобри услови да се постават, ги поставивме и мислам дека, ако не се лажам, првиот ден имаме констатирано некаде околу 9 прекршоци за недозволена брзина од страна на оние коишто управуваат мотор и мислеа дека нема да може да бидат предмет на детекција од овој паметен систем „Безбеден град“, којшто искрено да кажам многу ме радува, затоа што покажа дека како дел од еден систем си ја врши работата - заклучи тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk